Позитивните и негативните страни на кафето

Стотици милиони луѓе ширум светот секојдневно конзумираат кафе, а истовремено и се прашуваат дали е добро по нивното здравје и каква е нутритивната вредност на истото.
Како и се нешто на светот па така и кафето има свои позитивни и негативни страни. ви ги презентираме и двете страна волшебната напивка наречена “кафе”.

Позитивни страни на кафето:

1. Кафето е богато со антиоксиданси кои што го успоруваат стареењето и имаат еден вид на Anti-age ефект. Кафето не штити и од слободните радикали, а по количеството на полифенол е пред какаото и црниот чај.

2. Кафето ја штити јетрата. Кафето ја поттикнува циркулацијата и истовремено ја стимулира работата на јетрата.

3. Кафето ја поттикнува физичката и менталната активност и директно влијае на количеството внесен кислород во организмот. На спортистите им дава дополнителна сила за тренирање.

4. Кафето го забрзува протокот на крвта до мозокот и на тој начин влијае на неговата когнитивна функција а според некои истражувања и штити од Ајцхајмерова болест.

Негативните страни на кафето:

1. Ако премногу го конзумираме кафето може да ни создаде еден вид на кофеинска зависност. Исто така треба да споменеме дека постои опасност од подигнување на ареналинот на многу високо ниво што може да предизвика еден вид на стрес на целиот организам што во недостаток на кофеин може да чувствуваме нервоза, слаба концентрација, главоболка и.т.н.

2. Кафето може да вијае на промена на расположението и зголеменост на анксиозноста. Кофеинот влијае на хормоните и на неуротрансмитерите во мозокот а исто времено и на нервниот систем и на мускулите. Ова може да биде изразено кај заболените од дијабетис и срцеви заболувања. Затоа ве советуваме да пиете кафе во поамли количини и најважно од се е да си го слушате сопствениот организам тој ќе ви каже најубаво.

ВИДЕО: Скопјанец влезе во Гинисовата книга со својот чевел

Младиот скопјанец, Филип Костовски од скопската населба Ѓорче Петров се занимава со чевларство. Занаетот е за него најголемата љубов. Баш од таа причина, реши да направи нешто што ниту еден чевлар го нема направено.

За период од 4 месеци, трепеливо работеше на најголемиот женски чевел на светот. Висок 3,15 метри со потпетица од 2,5, џиновскиот розев чевел е најголемиот на светот. Изработката на истиот го чинеше Костовски 500 евра, но за сопствено задоволство не му е жал за потрошените пари.

Најголем проблем вели имал со изнаоѓањето на материјал од кој ќе ја направи чевлата. На крајот се одлучил за 11 квадратни метри платно со ликра. Чевлата е изработена по принцип ист како што се прават регуларните чевли. Запазени се сите детали, па дури и флекницата на подпетицата е направена исто како на вистинските чевли.

АLIBABA ЗА САМО СЕДУМ МИНУТИ ЗАРАБОТИ МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ

Денот на самците во Кина се слави на 11 ноември, кога има големи распродажби за самците да можат да се даруваат самите себе си.

Познатата веб-продавница Alibaba се сети да го искористи овој датум, кој така од 2009 година стана синоним за купување на интернет, во целиот свет, бидејќи секаде сакаат да ги искористат големите кинески распродажби.

Според очекувањата, и годинава, Alibaba na Денот на самците имаше рекордна продажба – само во првите седум минути од денот заработи 1,4 милијарди долари, а вкупниот приход бил 17,7 милијарди долари.

Со ваквата заработка Alibaba го собори светскиот рекорд.

Лани на истиот ден компанијата на Џек Ма заработи 14,3 милијарди долари.